Роже Федерер со победа ја почна одбраната на трофејот на турнирот во Перт, Австралија.
Третопласираниот тенисер на АТП ранг-листата денеска го совлада Камерон Нори со 2-0 во сетови, двапати со по 6-1, за 57 минути игра.
На првиот меч од денешната програма, Александар Зверев го победи Давид Ферер со 2-1, по сетови 6-4, 4-6 и 7-6.
Турнирот во Перт е ревијален и е подготвителен за првиот гран-слем во годината, „Австралија опен“.