Фото:Притскрин/видео Глас на Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека потпретседателот Џеј Ди Венс нема да ја предводи делегацијата на новата рунда преговори со Иран во Исламабад.

 – Тоа е само од безбедносни причини. Џеј Ди е одличен – изјави Трамп за „Еј-би-си Њус“ а пренесе „Тајм од Израел“.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп наведе дека американската делегација ќе пристигне во Исламабад утревечер за нова рунда разговори со Иран.

Според новинарката на „Њујорк Пост“, Кејтлин Дурнбос, делегацијата ќе ја сочинуваат и пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Претходно, американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Валц, и министерот за енергетика Крис Рајт најавија дека Венс ќе ја предводи делегацијата.

Инаку, Џеј Ди Венс ја предводеше американската делегација на првата рунда разговори во Исламабад, одржана на 11 април.