Фото: Пиксабеј

Во Исламабад денеска започнаа директни мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, потврдија пакистански владини претставници.

Разговорите се одвиваат лице в лице, со посредство на пакистанските власти, по првичната неизвесност дали ќе има директна комуникација меѓу двете страни.

Американската делегација ја предводи Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Иранската страна ја претставува Мохамад Багер Галибаф, со поддршка од министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

Ова се први директни разговори меѓу двете земји по почетокот на конфликтот пред околу 40 дена. Пред почетокот на преговорите, делегациите одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Според извори, разговорите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, со цел постигнување трајно мировно решение. Пакистан претходно посредуваше и во постигнување двонеделно примирје по нападите врз ирански цели кон крајот на февруари.

Безбедноста на преговорите е на високо ниво, со ангажирани околу 10.000 припадници на безбедносните сили, додека зоната околу местото на одржување е целосно затворена.