Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата предложена од Бахреин за заштита на комерцијалниот превоз низ Ормускиот Теснец, откако Кина и Русија ставија вето, пренесе МИА.
Со нацрт-резолуцијата се предвидуваше овластување на една држава или коалиција да преземе „сите потребни средства“ за обезбедување слободна пловидба низ теснецот, како и координација на мерките за заштита меѓу засегнатите земји.
Документот исто така содржеше повик до Иран да ги прекине нападите врз комерцијалните бродови.
Ормускиот Теснец, кој има клучно значење за глобалната трговија со нафта и природен гас, е речиси целосно затворен од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, што започна на 28 февруари со нападите на САД и Израел врз Иран.
































