Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведе координирана полициска акција за разбивање на организирана криминална група инволвирана во трговија со дрога.
Во акцијата учествувале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Струмица, како и специјалните единици Единицата за брзо распоредување и САЕ Тигар, инфомираат од МВР.
Притоа, лишени од слобода се седум лица – четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип. Извршени се претреси на 15 локации на подрачјето на овие градови.
За време на акцијата биле пронајдени и одземени наркотична дрога, пиштол со рамка и муниција, седум патнички возила, седум мобилни телефони, како и поголема сума на пари.
Од МВР информираат дека активностите продолжуваат со вештачење на одземените предмети, процесуирање на приведените лица пред судија на претходна постапка и поднесување кривични пријави за неовластено производство и трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.



































