Фото: Александар Вучиќ/Фејсбук

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека српските безбедносни служби откриле експлозивни направи во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Во објава на социјалните мрежи, Вучиќ информира дека за наодите веќе го известил унгарскиот премиер Виктор Орбан, со кого разговарал телефонски.

– Нашите воени и полициски единици пронајдоа експлозив со голема разорна моќ, како и детонациски средства потребни за негово активирање – наведе Вучиќ.

Тој додаде дека истрагата е во тек и дека унгарската страна ќе биде навремено информирана за сите понатамошни наоди.