Гласањето во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуцијата поднесена од Бахреин за отворање на Ормуската Теснина, која е блокирана од Иран, е одложено за следната недела – информираат дипломатски извори.
Состанокот, на кој требаше да гласаат 15-те членки на Советот, вклучувајќи ги и петте постојани – САД, Русија, Франција, Велика Британија и Кина – првично беше презакажан за денеска, но на крајот повторно беше одложен без конкретен датум.
Кина, која има право на вето како постојана членка, јасно го изрази своето несогласување со можноста за употреба на сила во решавањето на ситуацијата.
Откако првичната верзија на нацрт-резолуцијата наиде на отпор од Кина и Русија, Бахреин предложи изменета, поумерена верзија со цел да се постигне поширока поддршка меѓу членките.
































