Илустрација: / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Скопје утре со почеток од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка на 10 километри.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, трката ќе се одвива на релацијата од Средно Водно по регионалниот пат Р2138 до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон и назад.

Од МВР посочуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, при што ќе има пренасочување по околните сообраќајници.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници за време на одржувањето на настанот.