Две лица се уапсени во Шкотска откако се обиделе да влезат во база на Кралската морнарица каде се складира нуклеарно оружје.
Полицијата информира дека 31-годишна жена и 34-годишен маж се обиделе да навлезат во базата Клајд во Хеленсбург. Објектот, познат и како Фаслејн, е една од трите главни бази на морнарицата во кои се стационирани подморници со нуклеарно оружје.
Според британските медиуми, уапсениот маж е ирански државјанин.
Од Кралската морнарица го потврдија инцидентот и апсењето, без дополнителни детали за мотивите.































