Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги предупреди сојузниците на САД дека ризикуваат „соучество“ во воени злосторства ако му помогнат на Вашингтон да го деблокира Ормутскиот теснец. Стратешкиот воден пат во моментов е под блокада од иранските сили.
Во телефонски разговор со својот јапонски колега Тошимицу Мотеги, Арагчи тврдеше дека САД и Израел се одговорни за моменталната ситуација во теснецот, соопшти иранското Министерство за надворешни работи во објава на Телеграм.
Тој предупреди дека учеството на која било земја во обидот за пробивање на иранската блокада би претставувало „соучество во агресијата и грозоморните злосторства извршени од агресорите“, пренесува МИА.































