Фото: Пиксабеј

Кина во денеска понуди, како што рече, енергетска стабилност за Тајван како дел од кампањата на Кина да го убеди островот во придобивките од обединувањето, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Портпаролот на кинеската Канцеларијата за прашања за Тајван, Чен Бинхуа.

Бинхуа изјави дека „мирното обединување“ ќе му гарантира на Тајван поголема безбедност во однос на енергијата и ресурсите, пренесе агенцијата БТА.

– Подготвени сме на нашите тајвански сонародници да им обезбедиме стабилна и сигурна енергија, како и безбедност на ресурсите за да можат да живеат подобро – рече кинескиот функционер.

Владите ширум светот брзаат да обезбедат алтернативни извори на енергија за време на војната на Блискиот Исток и прекинот на поморските рути низ виталниот Теснец Ормуз.