Фото: ЦЕРН

Физичарите од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) открија нова честичка како резултат на експерименти во рамките на Големиот хадронски судирач – ЛХЦ. Таа е слична по структура на протонот, но е четири пати потешка од него по маса. Ова е втора таква честичка откриена последниве речиси 10 години, објави организацијата.

„Новата честица којашто се состои од два т.н. „волшебни“ кварка и долен кварк е откриена при експеримент во ЛХЦ во ЦЕРН. Нејзината структура е слична на онаа на протонот, но нејзините два горни кварка се заменети со два потешки волшебни кварка, зголемувајќи ја нејзината маса четирипати“, се вели во соопштението.

Новата честичка е 80-та откриена во историјата на ЦЕРН. Нејзините својства ќе помогнат во тестирањето на моделите на квантната физика. Според наводите, многу слична честица составена од два волшебни кварка и еден горен кварк е откриена во ЦЕРН и во 2017 година.

Гласноговорникот на ЦЕРН, Винченцо Вањони истакна дека ова е првата нова честичка идентификувана по модернизацијата на Големиот хадронски судирач, што беше завршена во 2023 година.

„Ова е само втор случај каде што е забележан барион составен од два тешки кварка. И покрај сличноста, предвидениот животен век на новата честичка е шест пати пократок од оној на нејзиниот еквивалент, поради сложените квантни ефекти. Ова го прави нејзиното набљудување уште попредизвикувачко“, нагласуваат од ЦЕРН.

Целата материја што ја набљудуваме околу нас – вклучувајќи ги протоните и неутроните што ги сочинуваат јадрата на атомите, е составена од бариони – вообичаени честички составени од три кваркови. Кварковите доаѓаат во шест видови: „горен“, „долен“, „волшебен“, „чуден“, и два „вистински“ (горен и долен), коишто се разликуваат по масата, електричниот полнеж и квантните својства. Теоретски, многу видови бариони можат да се создадат со комбинирање на овие кваркови, но повеќето се многу тешки за набљудување бидејќи се исклучително нестабилни. За да ги произведе, ЛХЦ предизвикува честичките да се судираат една со друга во прстен со соодветните брзини.

Нестабилните хадрони (бариони и мезони составени од два кварка) брзо се распаѓаат. Но, постабилните честички произведени при распаѓањето можат да се детектираат, па нивното присуство им овозможува на научниците да извлечат заклучоци за својствата на изворната честичка.