По трагедијата во Кочани, поддршката од странските држави претставува силна потврда дека Македонија има пријатели ширум светот кои ја разбираат болката на граѓаните и сочувствуваат со трагедијата, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој упати искрена благодарност до сите земји што обезбедиле несебична поддршка, како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за медицинската помош и третманот на повредените во земјава.
– Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш – истакна Муцунски.































