Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности.
Од ЈСП соопштија дека услугата ќе биде повторно воспоставена веднаш штом се создадат услови за безбедно и непречено работење.
– Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со превезување на патниците во вообичаеното работно време – информираат од ЈСП Скопје.



































