Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 18 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според прогнозата, до петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски и во некои места ќе се спуштат под нулата.

За време на викендот се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби локални врнежи од дожд – информираат од УХМР.