Рано утринава, во 4.32 часот, земјотрес беше почувствуван во западните и југозападните делови на Македонија, поточно во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.
Според информациите на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет – Скопје, епицентарот на земјотресот бил во Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје, со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека интензитетот на земјотресот во Македонија изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слабо почувствуван од населението и не се очекува да предизвика штети.

































