Фото: Пиксабеј

Утринава во земјава се измерени температури меѓу 0 и 7 степени Целзиусови, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи.

Најниската температура од 0 степени е измерена во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 степени во Струмица, а 4 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови.

Температура од 5 степени е измерена во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, додека 6 степени се измерени во Скопје‑Петровец, Штип и Виница. Најтопло утринава било во Скопје – Зајчев Рид, каде се измерени 7 степени.

На Попова Шапка има снежна покривка од 72 сантиметри.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне околу 14 степени.