Фото: Пиксабеј

Утрото во земјава започна со ниски температури кои се движеа од 0 до 6 степени Целзиусови, при што најстудено беше во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Битола, Струмица, Демир Капија и Претор, каде беа измерени нула степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Температура од еден степен е регистрирана во Гевгелија и Охрид, три степени во Скопје-Петровец, Велес, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Штип, четири во Тетово и Крушево, пет степени во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, додека највисоката утринска температура од шест степени е измерена во Виница.

На Попова Шапка е евидентирана снежна покривка од 74 сантиметри.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи меѓу 14 и 20 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне околу 19 степени.