Фото: Мохсен Дехнави/ X

Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет, кој ќе биде на чело на земјата по убиството на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, пренесе МИА.

– Советот за одредување на интересите на државата го избра ајатолахот Алиреза Арафи за член на привремениот лидерски совет – објави портпаролот на овој совет, Мохсен Дехнави, во објава на Х.

Привремениот совет, во кој ќе бидат вклучени и претседателот и шефот на судството, ќе ја води земјата додека Собранието на експерти „не избере постојан лидер во најбрз можен рок“.

Алиреза Арафи е влијателна фигура во иранската хиерархија, познат како директор на Исламските семинарии и член на Советот на чувари.