Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. На разговорите, како што информираше Мицкоски преку Фејсбук, акцентот бил ставен на зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките напори во евроинтеграцискиот процес.

На средбата било потенцирано значењето на стабилноста и потребата од продлабочување на партнерството меѓу двете земји, со цел подобрување на условите за граѓаните.

Претседателот Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на Македонија, денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.