Фото: Маја Јаневска-Илиева

По иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува дека е против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа, објави весникот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Одлуката беше усвоена денеска на седница на Советот, откако советниците од Македонска алијанса за европска интеграција побараа точката да биде ставена на дневен ред. Како што наведоа, иницијативата произлегува од загриженост за можните еколошки последици, влијанието врз туризмот и долгорочниот развој на регионот.

По расправата, Советот едногласно гласаше „против“ реализацијата на проектот, со што локалната власт формално го изрази својот став.

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)  поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.