Илустрација/Фото: Нова Македонија

Во текот на денешниот ден, неколку училишта во Скопје и Тетово добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи. По спроведените проверки, утврдено е дека сите пријави биле лажни, пренесе МИА.

-Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информираат од Министерството за внатрешни работи.