Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска соопшти дека глобалните царини ќе бидат зголемени на 15 проценти. Оваа одлука следи само еден ден откако Врховниот суд ги укина претходните тарифи што тој ги воведе во април минатата година, пренесе МИА.
Синоќа Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваше воведување царини од 10 проценти, но денеска преку неговата платформа Трутх соушл (Truth Social) објави дека стапката ќе биде зголемена на 15 проценти, пренесе „Би-би-си“.
Новите царини ќе стапат во сила во вторник, 24 февруари, а според правилата можат да останат на сила околу пет месеци, пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.


































