Новиот руски хиперсоничен ракетен систем „Авангард“, што може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави, денеска беше успешно тестиран, а на тестирањето присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.
Путин тестирање, што се случуваше на далечниот исток на Русија, го набљудувал од зградата на Министерството за одбрана во Москва, пренесе агенцијата Ројтерс.