КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И ПОМЛАДИ СЕНИОРИ
Македонската репрезентација со 36 натпреварувачи од денеска до недела ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во карате за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) на Кипар, во кати и во борби, предводени од селекторите Дејан Ристески (кадети и јуниори), Петар Белистојаноски (помлади сениори) и Неџби Дервиши (кати). За ЕП се пријавени 1.276 каратисти од 47 земји.
– Добро сме подготвени. Очекувам минимум два медала. Имаме одлична генерација каратисти, сите се на високо ниво и, што е најважно, немаме повредени натпреварувачи – ни изјави Ристески.
Македонската селекција во јануари одржа подготовки во салата на скопското ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.
– Сите тренинзи поминаа во одлична работна атмосфера, со висок степен на дисциплина, меѓусебна почит и изразен спортски дух, што е силна основа за понатамошна успешна подготовка и настап на претстојното ЕП – велат од Карате-федерацијата на Македонија (КФМ).
Состав: Кадети (ката): Драгана Николова и Матео Ѓоргиев. Јуниори (ката): Блерина Зенедели и Нуредин Дервиши. Помлади сениорки (ката): Данка Стојкова и Марко Димовски. Кадетки-јуниорки (ката): Илијоска, Јорданоскa, Миланоска. Кадетки (борби): Миахела Филиповска (категорија до 47 кг), Хира Фидани (до 54 кг), Хена Франгу (до 61 кг), Буна Села (над 61 кг). Кадети (борби): Мерван Мемеди (до 52 кг), Марко Џорлев (до 63 кг), Иса Елмази (до 70 кг), Немања Младеновиќ (над 70 кг). Јуниорки (борби): Марија Јорданоски (до 48 кг), Душица Бреслиева (до 53 кг), Драгана Ефтимовска (до 59 кг), Мила Штериева (до 66 кг). Јуниори (борби): Дамјан Митревски (до 55 кг), Цветан Маргаритов (до 61 кг), Дарин Куртановиќ (до 68 кг), Џем Пашов (до 76 кг), Даријан Николовски (до 76 кг). Помлади сениорки (борби): Миахела Мишовска (до 50 кг), Мила Панчева (до 55 кг), Јована Мицовска (до 61 кг), Ера Коџа (до 68 кг), Ердона Зибери (над 68 кг). Помлади сениори (борби): Андреј Стојчевски (до 60 кг), Матеј Белистојаноски (до 67 кг), Љупче Михајлов (со 75 кг), Данило Божовиќ (до 84 кг) и Филип Стојанов (над 84 кг). Г.И.
































