- Ракометниот аналитичар на податоци Џулијан Рукс направи длабок увид во бројките зад натпреварите, анализирајќи што покажуваат податоците за перформансите на тимовите и на играчите
Во текот на Европското првенство (ЕП) за мажи, ракометниот аналитичар на податоци Џулијан Рукс направи длабок увид во бројките зад натпреварите, анализирајќи што покажуваат податоците за перформансите на тимовите и на играчите, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ). Во продолжение издвојуваме пет млади играчи што оставија свој белег во првата групна фаза.
- Франциско Коста, најдобар стрелец. Очигледен избор за оваа листа е Португалецот Франциско Коста, кој е најдобар стрелец на турнирот досега, со вкупно 29 гола, или 9,7 по меч. Тој е извонреден од линијата од седум метри. Во 12 обиди, тој промашил само еднаш (91,2 отсто). Меѓу осумте играчи со најмалку 10 обиди, само Филип Кузмановски од Македонија (12/12) беше подобар. Од теренот, сепак, Кико (20) не е толку ефикасен како што беше во минатото. Но, стапката на успешност од 58,1 процент од таму уште не е лоша, пишува ЕХФ. Секако, големата одговорност што ја носи за португалскиот тим исто така игра улога. Тоа ја покажува неговата офанзивна одговорност, што е уделот на шутеви од поле, примени изнудени пенали и загубени топки во неговиот тим. Со 22,5 отсто, тој е на осмото место меѓу сите играчи.
- Никола Рогановиќ, кралот на пеналите. Како и Коста, Швеѓанецот Никола Рогановиќ (19) е извонреден изведувач на пенали. Тој не промашил ниту еден од осумте обида. Од обидите без пенали, тој е дури и малку поефикасен од Кико, со 62,5 отсто, и е еден од само 29 играчи со најмалку четири шута од поле по меч што не биле блокирани. Со 15,6 проценти, офанзивната одговорност е, секако, јасно пониска од онаа на Коста, но е трета највисока во Шведска. Само Феликс Клар и Лукас Сандел се рангираат пред него таму. Една од причините за ова е што тој што бил силен не само во реализацијата на шутеви од седум метри туку и во нивното изнудување.
- Маркос Фис, најдобриот шутер. Шпанецот Маркос Фис, со само 18 години, е најмладиот од петте играчи што се во деталната анализа на ЕХФ. Затоа, не е изненадувачки што неговата офанзивна одговорност е најниска од петте играчи со 7,5 отсто. Но, сепак, тој е втор најефикасен од поле со процент на шут од 72,7 отсто. Меѓу сите играчи со најмалку 10 обиди, Фис е на 11-то место. Досега е особено импресивен од далечина. Со стапка на успешност од 80 отсто (4/5) од повеќе од 8,5 метри (шутевите од празен гол не се бројат), тој е најефикасниот шутер од далечина меѓу сите со најмалку пет обиди. Меѓу 107 играчи со повеќе од 10 обиди во поле, Фис ги надмина своите очекувани голови на седмото место, со 30,1 отсто.
- Патрик Андерсон, играчот со квалитет. Додека Фис е најмладиот играч што е разгледуван според аналитичарот Рукс, Норвежанецот Патрик Андерсон е највозрасниот, оти наполни 21 година минатиот месец. И оваа предност во годините се чини дека му носи поголема мудрост, бидејќи тој не е само оној со највисок квалитет на шутеви без пенали меѓу петтемина туку и со втор највисок квалитет на шутеви меѓу сите 72 играчи наведени како бекови со повеќе од 10 шута. Во просек, се очекува 69,1 отсто од ударите на Андерсон да бидат реализирани. Единствениот играч меѓу 72. играчи што е подобар од него е, како и секогаш, Матијас Гидсел од Данска (70,7 отсто). Андерсон уште не може да го достигне нивото на Гидсел, но тоа не е преголем проблем. Неговиот процент на постигнување голови од 55 отсто е некаде околу просекот, пишува ЕХФ.
- Оли Митун, суперефикасен. Оли Митун (20) од Фарските Острови е веројатно најинтересен, барем од гледна точка на податоците. Тој одигра извонреден турнир постигнувајќи 7,7 гола по меч, сите од поле, што е втор најдобар резултат, секако зад Гидсел. Со оглед на тоа што неговиот братучед Елиас а Скипаготу не беше 100 отсто подготвен, Митун беше играчот со највисока офанзивна одговорност за својата репрезентација со 24,7 отсто. Тоа е петти највисок резултат во натпреварувањето. И покрај ова големо оптоварување, тој беше исклучително ефикасен, 88,5 отсто е највисоката ефикасност без пенали на ЕП 2026 меѓу сите 55 играчи со повеќе од 15 обида. Меѓу 16. играчи со најмалку 25 шута од поле, само Гидсел има повисок квалитет на шут. Покрај тоа, и шутирањето на Митун беше одлично, оти постигна 34,8 отсто повеќе голови од очекуваното, што е највисоко меѓу овие ракометари. Тој создаде и многу шанси за својот тим и изнуди 2,3 пенали по натпревар, повторно најдобро во натпреварувањето, пренесе ЕХФ. ГИ.
































