Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
Од ЕСМ Дистрибуција на топлина информираат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на точно лоцирање на дефектот и негово изолирање, со цел што поскоро воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Од компанијата апелираат за разбирање додека траат интервенциите на терен.



































