Во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-или“ е објавен романот „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. Ова е втор роман од планираната трилогија за авантурите на Илина. Првиот роман „Илина и шумските тролови“ остави одличен впечаток кај помладите читатели, кои со нетрпение го очекуваа неговото продолжение.
– Во книгата повторно навлегуваме во двојниот живот на Илина: оној обичниот, дома и на училиште, и оној волшебниот, каде што полека ја сфаќа комплексноста на тоа што е тоа да се биде вештерка. Во двата света, авторката внесува нови комплексни слоеви, приказни и ликови што ќе ги инспирираат читателите да размислуваат и, особено за децата, да се чувствуваат помалку осамено во предизвиците на растењето, семејниот живот и самоспознавањето. Илина е истото умно и пресамоуверено девојче во кое се заљуби читателската публика – вели уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ.
Дизајнот на корицата повторно е на Александра Софрониеска.