nikolas maduro
фото: ЕПА

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“ – изјави неговиот син Николас Мадуро Гера.

– Се справуваме добро. Ние сме борци – порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД – пренесе неговиот син.

Според истиот извор, Мадуро им рекол на своите адвокати „да не тагуваат“. Венецуелскиот лидер беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари.

Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.

Изјавите на Мадуро неговиот син ги пренел за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.