Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти.
































