Фото: Силјановска Давкова/Фејсбук

Претседателката Гордана Силјановска Давкова очекува земјава годинава да продолжи да се развива, да го продолжи реформскиот процес во повеќе области за да се избегнат системските слабости, да се работи на владеењето на правото, но и на вложувањето во образованието, науката и културата, во кои како што вели можеме да бидеме поголеми од најголемите. Посакува Македонија конечно да направи исчекор, кон, како што истакнува нашата природна дестинација, Европската Унија. Смета и дека нашата состојба и нашето однесување ќе зависта и од состојбитена меѓународен план.

– Посакувам да бидеме разбрани, да си ја оствариме природата желба, ако сме можеле историски културно да бидеме, не можеме да ја смениме географијата, може ја облагодариме, да размислуваме регионално и европски, да бидеме дел од Европа. Логично е дека ЕУ ќе биде Европа тогаш кога и оние кои се таму навистина одвнатре учат демократија и јас се надевам дека ќе направиме исчекор кон оваа природна дестинација – рече претседателката во одговор на новинарско прашањ за нејзините очекувања за 2026 година и за нејзиното видување за најголемите политички предизвици.

Смета дека она што е започнато во земјата како реформски процес треба да продолжи и годинава за да се остранат причините за системските слабости.

– Што нѐ очекува? Она што започна да не остане така, туку да се развива, бидејќи ако сте почнале со реформи во правосудството тие треба да продолжат. Мора системски да размислувате бидејќи кога ги анализирате проблемите најшокантните, настрашните и најтрагините како оној во Кочани, секога на крајот заклучуваме дека системски е проблемот. Не е тоа инцидент, врзан за една или неколку личности. Треба да се тргнат причините – рече Силјановска Давкова при посетата на припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Според неа затоа е многу важно донесувањето на Законот за судски совет, кој, како што нагласува е првиот чекор или почетокот. Важен е и Законот за јавно обвинителство, Кривичниот законик, бидејќи според неа, тие овозможуваат системски пристап во позиционирањето на институиците, надлежноста, но, како што нагласува, најмногу во регрутурањето на профил на луѓе кои веруваат во тоа што е напишано во законите, бидејќи тоа е евсропски стандард и пракса и е врзано за владеењето на правото.

– Зошто го потенцирам ова, бидејќи без владеењето на правото не може да има економија, ниту успешна Армија. Тоа е како што викаме ние правниците модус вивенди. Тоа е начинот како да функционира институијата и да дава плод. Не само во правосудството, говорам и во односите врзани за енергетиката, во економијата – рече таа.

Според неа потребно е да се има национална за развој, инаку во спротивно, многу тешко ќе знаеме каде да ги лоцираме парите, на што да дадеме приоритет како држава и на кој начин.

Не смее, вели македонската претседателка, на било каков начин да се занемари дијаспората

– Велат нашите во дијаспората се нашите најважни амбасадори, докажани Европјани и Американци, ама од друга страна во ера на вештачка интелеганција и дигитализација и кога не се дома може да бидат со активностите дома, овде да бидат, а да работат таму, или пак таму да бидат, а да работат овде. Тоа е нашата предност и добро е што и тука првпат имаме стратегија за дијаспора. Самата го видов тоа во САД, како и кај третата генерација се раѓа интересот за татковината. Кога велам за татковината, не мислам само на изучувањето на македонскиот јазик, мислам на помошта да се работи во и за татковината, да се даде придонес за нејзиниот развој – рече претседателката Силјановска Давкова.

Според неа, важна е и животната средина и развојот на инфраструктурата.

– Инфраструктурата е неројатно важна и ние треба да ставиме крај на маратонските исчекувања да се стави крај на некој пат, ако има таква офанзива,  а има, тоа е многу битно, но мора да се комбинира и со инвестирање и заштита на животната средина, оти од животот нема ништо поважно. Јас се чудам како може некој да не е свесен дека смртта е смрт, дали ќе умрете како богат или сиромашен е ирелевантно. Работата е како ние она што сме го наследиле, она што ни дава живот како да го почитуваме. Почитувајќи ја природата ќе заслужиме да живееме во пристоен амбиент, нема да се чудиме на тајфуни во зими со континентална клима. Ние влеговме во војна со природата и чекориме кон самоубиство. Мора да се стави на тоа на крај – рече претседателката.

Смета дека треба да продолжат и почнатите реформи и во образованието и да се вложува во науката, образованието и во културата, бидејќи, како што нагласи, таму  може да бидеме поголеми од најголемите.

Таа додаде дека не треба да се занемари и улогата на медиумите и да се овозможи нивна слобода на изразување и критика, иако како што вели, некогаш на политичарите и власта не им се допаѓа она што го пишуваат за нив или пак прашањата кои им ги поставуваат, бидејќи, смета, тоа е многу важно за демократијата во земјава.

Според Силјановска Давкованашето однесување годинава во голема мера ќе зависи од односите во Европа и светот.

– Таму гледаме дека се случуваат нешта за кои никој вклучувајќи ме и мене не би можел да поверува дека во 21 век во Европа ќе има војна, дека ќе има двојни стандарди во третирање на жртвите – рече македонската претседателка.

Предупреди и апелира и власта да има кочници во своето однесување, затоа што, како што истакна секога власт може да ве расипе.

– Коалицијата на власт има власт не само на локално, туку и на централно ниво, да не заборави на предупредувањето на умниот лорд дека секоја власт се заканува да ве расипе, апсолутната апсолутно. Мора да има спреги и кочници мора да има соработка со опозицијата. Зборувам од аспект на природата на власта. Да биде тоа не само моќ, туку и авторитет – рече претседателката Силјановска Давкова.