Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени (п.п.) и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка.
Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54 проценти и на месечна основа е зголемена за 0,05 п.п., при годишно намалување од 0,28 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи пад на месечна и на годишна основа од 0,07 п.п. и 0,53 п.п., соодветно и изнесува 2,27 проценти.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во ноември, е пониска за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,41 проценти. Притоа, промената е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка забележа пад од 0,64 п.п.
Во ноември, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,51%, што претставува месечен раст од 0,14 п.п. Од аспект на валутната структура, зголемувањето произлегува од растот на каматните стапки на кредитите во странска валута и на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,16 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се намалени (за 0,46 п.п.). Во споредба со ноември минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,17 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември, изнесува 2,60 проценти и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Месечната промена се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат зголемување од 0,01 п.п. Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари годишно намалување од 0,08 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,27 п.п. и изнесува 2,05 проценти. Притоа, намалувањето е резултат на падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,59 п.п. и 0,16 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,94 проценти, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,38 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во ноември, оствари месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 5,19 проценти. Падот во целост произлегува од пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата бележи намалување од 0,47 п.п. на годишно ниво.
Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,07 п.п. и изнесува 4,59%. Анализирано по валута, падот се должи на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,26 п.п. и 0,06 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула забележаа зголемување (за 0,07 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка оствари намалување од 0,44 п.п.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во ноември, е намалена за 0,01 п.п. во однос на октомври и изнесува 2,13 проценти. Промената произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно), при раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,28 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,08 п.п.
Во ноември, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 изнесува 2,37 проценти и забележа месечно зголемување од 0,01 п.п. како резултат на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,51 процентни поени.
































