Денеска го прошетав Скопје онакво какво што навистина е, град во кој старите фасади шепотат приказни, а новите стаклени згради ја рефлектираат иднината. Град во кој книжарница под небо стои покрај модерни пабови, каде оронети ѕидови и цветни излози се дел од истата целина… Скопје живее меѓу два света – минатото и идното. И токму во тој контраст е неговата најголема убавина.
Горан Анастасовски













































