Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во североисточниот дел од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 15 часот и 48 минути регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 3,2 – соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според првичните податоци, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на земјата, особено во Делчево и Виница, како и во околните населени места, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.



































