Нема веќе предимство за климатските промени и намалувањето на емисиите
- Меѓународната агенција за енергија ИЕА во најновото издание на својата „Светска енергетска перспектива“ ги коригираше своите поранешни прогнози. Имено, сега ИЕА анализира дека побарувачката за електрична енергија ќе расте многу побрзо од вкупната употреба на енергија. Тоа е заклучок според сите сценарија што ИЕА ги вклучи во своите најнови прогнози. ИЕА објави и дека „враќањето на енергетската безбедност е приоритет број еден за многу влади“! Во контекст на таа објава ИЕА нагласува дека многу влади во светот ги пронајдоа своите нови приоритети – а тоа е своето енергетско производство, потиснувајќи ги климатските промени и намалувањето на емисиите, за кое претходно прифатија дека приоритетно ќе водат сметка
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објави дека враќањето на енергетската безбедност е приоритет број еден за многу влади. Во контекст на таа објава ИЕА нагласува дека многу влади во светот ги пронајдоа своите нови приоритети – а тоа е енергетското производство, заменувајќи ги климатските промени и намалувањето на емисиите за кои прифатија да водат сметка.
Токму во тој контекст Фатих Бирол, турски економист и експерт за енергетика, кој е носител на функцијата извршен директор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) од 1 септември 2015 година, изјави дека сега „енергетската безбедност е во центарот на многу влади, а нивните одговори треба да ги земат предвид синергиите и компромисите што можат да произлезат од други политички цели“.
Производството на електрична енергија од нуклеарните капацитети ќе расте
Побарувачката за електрична енергија ќе расте многу побрзо од вкупната употреба на енергија според сите сценарија што ИЕА ги вклучи во своите најнови прогнози. Потоа, ИЕА предвидува и дека „капацитетот за производство на енергија ќе расте како одговор на порастот на побарувачката, а нуклеарната енергија ќе се забрза, со капацитет што ќе расте дури за една третина до 2035 година“.
ИЕА: Побарувачката за нафта и гас ќе расте на долг рок
Натаму, ИЕА тврди и дека побарувачката за нафта и гас расте на долг рок. Имено, Меѓународната агенција за енергетика објави дека побарувачката за нафта и гас би можела да продолжи да расте до 2050 година. Така, Меѓународната агенција за енергија во споменатото најново издание на својата „Светска енергетска перспектива“ ги коригираше своите поранешни прогнози дека растот на побарувачката за нафта ќе достигне врв за неколку години. ИЕА пишува дека во наредните години и децении ќе се забележи конзистентно зголемување на побарувачката за енергија во индустријата, домаќинствата и, особено, информатичката технологија. Инвестициите во центри за податоци оваа година би можеле да достигнат 580 милијарди долари, изјави генералниот секретар на ИЕА, што ги надминува очекуваните 540 милијарди долари инвестиции во нафтената и гасната индустрија. Како што расте побарувачката за енергија, така ќе расте и побарувачката за традиционалните извори на таа енергија. За разлика од своите предвидувања за врвна побарувачка за нафта и врвна побарувачка за природен гас пред 2030 година, ИЕА сега очекува побарувачката за нафта да достигне 113 милиони барели до 2050 година, според наведеното сценарио за политики што агенцијата го воведе повторно оваа година, откако го отфрли пет години за да се фокусира на амбициозни сценарија фокусирани на нето нула. Е.Р.

































