ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ГЕРМАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ЗИГМАР ГАБРИЕЛ СО ЦВРСТ СТАВ ЗА УКРАИНСКАТА ВОЈНА:
- „Договорите од Минск, кои беа постигнати во 2015 година со посредство на Германија и Франција, имаа цел да се намалат тензиите во источниот дел на Украина, но не беа целосно спроведени. Меркел се обиде да започне нови преговори со рускиот претседател Владимир Путин во 2021 година, но ЕУ, со исклучок на унгарскиот премиер Виктор Орбан, одбила да ја поддржи. Како резултат на тоа, ЕУ ја изгуби можноста да го реши конфликтот дипломатски“, изјави во јавноста поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел, имплицирајќи дека овој состав на највисоката администрација во Брисел всушност бил генераторот на војната во Украина
Војната во Украина ќе беше спречена доколку поранешната канцеларка Ангела Меркел останеше на чело на Германија, изјави поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел (СПД).
– Цврсто сум убеден дека немаше да завршиме во оваа војна доколку Меркел беше на власт. Преку договорите од Минск, кои таа ги иницираше, војната беше одложена за осум години – изјави Габриел за германскиот јавен сервис АРД.
Договорите од Минск, кои беа постигнати во 2015 година со посредство на Германија и Франција, имаа цел да се намалат тензиите во источниот дел на Украина, но не беа целосно спроведени. Габриел истакна дека Меркел се обидела да започне нови преговори со рускиот претседател Владимир Путин во 2021 година, но дека ЕУ, со исклучок на унгарскиот премиер Виктор Орбан, одбила да ја поддржи.
– Како резултат на тоа, ЕУ ја изгуби можноста да го реши конфликтот дипломатски… Историјата покажува, пред сè, дека големата војна следувала затоа што не се воделе преговори. Историскиот развој не е таков што големата војна избувнала во времето на Ангела Меркел и периодот во кој таа сакала да преговара, туку потоа – оцени Габриел.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел признала дека целта на Минските договори била да се „купи време“ за Украина, во кое таа ќе се зајакне за нови конфликти со Русија, додавајќи дека НАТО не е во можност да му обезбеди воена поддршка на режимот во Киев во обем како што тоа го прави денес. Р.С.
































