КОШАРКА
- Два американски тима и еден светски тим ќе играат меѓу себе на турнир, на кој ќе има вкупно четири натпревари од по 12 минути
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната асоцијација на кошаркари (НБПА) објавија нов формат на олстар-мечот в година, на кој ќе настапат два тима со играчи од САД и еден од интернационалци што настапуваат во НБА-лигата (именуван како Светски тим), објави НБА.
Како и во минатото, 24-те учесници на олстар-натпреварот (по 12 од секоја конференција) ќе бидат избрани на следниов начин: петте стартери од секоја конференција ќе бидат избрани од гледачите (50 отсто од гласовите), актуелните НБА-играчи и медиумите (по 25 проценти), а седумте преостанати играчи од секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА-лигата, пишува НБА. За мечот в година, кошаркарите ќе бидат избрани без оглед на позицијата.
Доколку гласањето не резултира со избор на 16 американски играчи и осум меѓународни играчи (во кои можат да бидат вклучени и американски кошаркари со врски со други земји доколку е потребно), тогаш комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, ќе избере дополнителни кошаркари што ќе се приклучат на која било група за да се достигне тој минимум, пишува НБА. На турнирот, тимот А ќе игра против тимот Б во првиот натпревар. Победничкиот тим од тој дуел ќе се сретне со тимот Ц во вториот натпревар, а потоа поразениот тим од првиот натпревар ќе се сретне со тимот Ц во третиот натпревар. По трите меча (секој по 12 минути), првите два тима според вкупниот резултат ќе продолжат понатаму и ќе играат меѓу себе во натпреварот за шампионатот. Ако сите три тима имаат резултат од 1-1 по третото коло, тај-брејкерот би бил кош-разликата на секој тим. Н.М.


































