Европската Унија не успеа да обезбеди средства за основање специјален трибунал за Украина, кој требаше да ѝ суди на Русија, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на извори во институциите на ЕУ.
Според наведените извори, европските власти неможноста за финансирање ја објаснуваат со намалувањето на помошта за Украина од страна на администрацијата на Доналд Трамп.
– Советот на Европа првично претстави нацрт-буџет кој вклучуваше општи оперативни трошоци поврзани со трибуналот, во износ од приближно 75 милиони евра годишно – пренесува „Еуроњуз“.
Сè уште не е одреден ниту составот на државите кои би учествувале во овој проект.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно оцени дека иницијативата за формирање трибунал против Русија е „ништoвна и политички мотивирана“.
Унгарија и Словачка претходно одбија да учествуваат во иницијативата на ЕУ за основање специјален трибунал, истакнувајќи дека такво тело нема меѓународно-правна основа.

































