Во септември годинава во земјава се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод .
Од вкупниот број туристи, 24,6 проценти се домашни, а 75,4 проценти се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8 проценти ги оствариле домашните туристи, а 68,2 проценти странските.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8 проценти. Кај домашните туристи има намалување за 1,4 проценти, а кај странските има зголемување за 9,6 проценти.
Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0,9 проценти. Кај домашните туристи има намалување за 3,8 проценти, а кај странските зголемување за 7 проценти.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32.950, од Србија 8.830, од Германија 6.615 и од Полска 3.577.

































