Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар.
Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на место каде е најдената девојката како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
-Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините – соопшти Обвинителството.



































