Поранешниот француски велосипедист Шарл Кост, освојувач на златен медал во екипната конкуренција на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон во 1948 година, кој го носеше олимпискиот оган за време на церемонијата на отворањето на Игрите во Париз во 2024 година, почина во 101 година, пренесе француски „Ле монд“. Кост рече дека доживеал „еден од најубавите моменти од својот долг живот“ кога, на 26 јули во 2024 година им го предал олимпискиот факел на Теди Ринер и Мари-Жозе Перек и го гледал олимпискиот оган како се издига на дождливото париско небо. Кост пред 76 години со велосипедистите од францускиот тим во екипна конкуренција стана олимписки шампион во Лондон во 1948 година. Г.И.

































