Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога.
– Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна Македонија – објавија медиумите.
Тој бил баран со меѓународна потерница бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.
Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница при излез од Албанија.


































