Фото: Маја Јаневска Илиева/илустрација

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК).

Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот.

Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 09.30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.