Работници на општината Чаир започнаа со чистење на заштитните флуоресцентни столбови по должината на главната сообраќајница Втора македонска бригада.
Столпчињата се дел од новоизградената велосипедска патека, а беа поставени летово. Тие не само што ја означуваат велосипедската траса туку имаат функција да ги заштитат велосипедистите. Нивното чистење, како што велат од општината, е за и натаму да им се обезбеди сигурност на учесниците во сообраќајот.
– Безбедноста на возилата, корисниците на велосипеди и пешаците во сообраќајот останува и натаму еден од нашите главни приоритети – велат од општината Чаир.