Фото: Општина Карпош

Фотовест

Меѓу многубројните културни активности што секоја година ги реализира Општина Карпош е и годинашната 19. меѓународна детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“, која се одржа на 25 и 26 септември.
Учесници на оваа манифестација се ученици од основните училишта од шесто до деветто одделение од општината Карпош и збратимената општина Тиват, Црна Гора. Оваа година беа поканети по еден ментор и двајца ученици од збратимените општини и ученици од 10 основни училишта во општината Карпош. Настанот се одржа првиот ден во комплексот „Македонско село“, на падините на Водно, а вториот ден во дворот на „Кинотеката“ на Македонија, кога им беа доделени наградите на најдобрите.
Оваа манифестација секоја година претставува средба меѓу учесници од земји на Балканот, со цел продлабочување и воспоставување трајно и долгогодишно пријателство, кое на карактеристичен начин преку уметноста ја афирмира скопската општина Карпош.