Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира денеска на арапските и муслиманските лидери да им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници.
На состанокот ќе учествуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан.
Покрај ослободувањето на заложниците и ставање крај на конфликтот, Трамп ќе разговара за принципите на израелското повлекување од Газа и поствоената управа без учество на Хамас.
САД, исто така, сакаат арапските и муслиманските земји да испратат воени сили во Газа за да овозможат израелско повлекување и да обезбедат финансиска поддршка за транзицијата и обновата.