Фото: ЕПА

АТЛЕТИКА

Вкупно 53 земји освоија медали на 20. Светско првенство (СП) во атлетика што се одржа во Токио, што го надминува претходниот рекорд од 46 земји, кој беше поставен во на СП 2007 во Осака и израмнет во Будимпешта во 2023 година, објави Светската атлетика (СА).

Поставени или израмнети беа еден светски рекорд и по девет рекорди на мундијалите и на континентите. Светскиот рекорд го постави Швеѓанецот Мондо Дуплантис, кој го подобри својот резултат во скок со стап на 6,3 метри. Американската спринтерка Мелиса Џеферсон-Вуден освои тројна титула во спринт, на 100 метри, 200 метри и во штафетата 4×100 метри. Уште двајца освоија двојно злато во поединечни дисциплини: Беатрис Чебет од Кенија во тркачка дисциплина и Марија Перез од Шпанија во брзо одење. Сидни Меклафлин-Леврон победи на 400 метри со рекорд на СП од 47,78 секунди, второ најбрзо време во историјата, и стана единствена атлетичарка на планетарните шампионати што освоила златни медали на 400 метри (годинава) и на 400 метри со пречки (во 2022 година).

Вкупно 1.992 атлетичари (1.034 мажи и 958 жени) настапија за 193 земји и за тимот на спортисти бегалци, пишува СА.

Првенството во Токио го проследија 619.288 гледачи, повеќе од 581.462 што го гледаа Светското првенство во Токио во 1991 година, со распродадени вечерни сесии во текот на целата недела, вкупно 20 земји освоија златни медали, 28 освоија сребрени медали, 34 освоија бронзени медали, 53 земји освоија медали, 74 земји се пласираа меѓу првите осум…, пишува Светската атлетика. Н.М.