Групата „Никеја“, која годинава одбележува 25 години музичка кариера, јубилејната 2018 година ќе ја заврши со два акустични концертни настапи, во придружба на гудачки квартет. Ќе биде изведена комбинација на песни од трите нивни досега реализирани албуми, а оваа нивна средба со публиката е насловена „Европска рапсодија“.
Првиот концерт ќе се одржи вечерва во Велес, во салата „Бели мугри“, а вториот утре, четврток, во клубот „Агора“ во Куманово. И двата настапа почнуваат во 21 часот.
Концертот е поддржан од здружението на автори на музички дела од Македонија „Шпато“. Влезот е слободен.