После десетина години кога бројот на ученици во кичевската гимназија континуирано опаѓаше, во учебната 2025-2026 година бројот на новозапишани е зголемен и се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години. Бројот на новозапишани ќе биде и поголем кога ќе се запишат и учениците кои досега не успеале да го решат овој проблем,потврди директорот на гимназијата, Бране Стојаноски.
– После десетина години кионтинуиран пад, годинава бројот на новозапишани во нашата гимназија годинава е зголемен за петнаесетина ученика, факт кој треба да раува и очекуваме и во наредните години бројот на новозапишани ученици да се зголемува. Така што, очекуваме годинава во прва година да имаме запишано 220 ученика кои ќе ја следат наставата на македонски и на турски наставен јазик. Покрај гимназиските паралелки радува интересот и за упис во техничките струки – нагласи директорот Стојаноски.
– Така, во здравствената струка имаме запишано максимален број од 34 ученика, исто толку и електротехничари и за прв пат бројот на новозапишани машински техничари е поголем од 10 и изнесува 14. Кај хемиските техничари бројката е стандардна и изнесува 22 ученика, додека во економската струка имаме запишано 20 ученици- посочи директорот Стојаноски и потсети дека од оваа учебна година гимназиските пралелки ќе учат по нова наставна програма за која во 80 проценти веќе се пристигнати учебници, а до крајов на месецов очекуваме да пристигнат сите учебници кои ќе бидат користени со новата програма – додаде Стојаноски.
З.А.