Фото: ЕПА/Илустрација

Министерството за трговија на САД стави на список за санкции повеќе десетици компании од Кина, Индија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, обвинувајќи ги за испорака на производи во Русија – се наведува во документ објавен во Федералниот регистар.

Санкциите опфаќаат над 20 кинески компании, три турски, две од ОАЕ, една индиска, една иранска и една сингапурска. Министерството наведува дека нивното делување е „спротивно на националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД“.

Меѓу санкционираните е и кинеската „Шангаи Фудан Микроелектроникс“, која според Вашингтон ја снабдувала со компоненти руската воена индустрија. Под удар се и фирмите „HAS General Trading LLC“ од ОАЕ, индиската „AR Sales Pvt“, како и турските „Atempo“, „EB Teknoloji“ и „Dentun Elektronik“.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент на 7 септември порача дека Вашингтон е подготвен да го засили притисокот врз Москва, но очекува поддршка и од европските партнери.